Дилерите на удар на полицијата, уапсени повеќе лица
На 03.01.2025 година во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(29) од с.Марино, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.01.2025 во 10.50 часот Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (04.01.) во 03.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Љ.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.01.2025 година во 20.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица „Браќа Блажески“ во Гостивар, го лишиле од слобода А.И. (23) од село Србиново, гостиварско. При низвршен преглед над него и неговото патничко возило „Сеат Ибица“ со гостиварски регистерски таблици, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 03.01.2025 година во 20.20 часот на улица „Петре Прличко“ на автобуска станица во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода П.К.(18) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена НН зелена растителна материја. П.К. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.01.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Битола во паркот кај Стив Наумов ги лишиле од слобода М.Е.(39) и В.Р.(35) двајцата од Битола. При преглед кај В.Р. била пронајдена прашкаста материја. Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава .Од страна на полициски службеници М.Р. бил спроведен во КПУ Затвор Битола бидејќи истиот со судска наредба се барал за издржување на затворска казна во траење од 30 дена.
На 03.01.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Битола во Битола ги лишиле од слобода М.Е.(39) и В.Р.(35) двајцата од Битола. При преглед кај В.Р. била пронајдена непозната прашкаста материја. Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава .Воедно, од страна на полициски службеници М.Е. бил спроведен во КПУ Затвор Битола бидејќи истиот со судска наредба се барал за издржување на затворска казна во траење од 30 дена.
Денеска (04.01.) во 00.20 часот, полициски службеници од СВР Битола на улицата „Илинденска“ во Битола, го лишиле од слобода В.П.(22) од Битола, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
На 03.01.2025 година во 16.00 часот на Граничниот премин – Меѓународен Аеродром – Скопје, полициски службеници лишиле од слобода две шеснаесетгодишни лица шпански државјани, кои патувале со своите родители, а поради тоа што при ПДЗ контрола кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. За настанот бил известен дежурен ЈО од ОЈО Скопје и обвинител за малолетни лица, и биле дадени насоки против малолетниците да се поднесе прекршочна пријава по основ на Закон за експлозивни материи , а додека со родителите да се изврши информативен разговор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа