СДСМ: Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се заглавија граѓаните во Маврово

 

Поради неисчистени патишта од страна на државното претпријатие Македонија пат и задоцнета реакција на СВР Тетово бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово“, соопшти СДСМ.

„Само пред неколку дена се случи хаос и на патот Тетово – Попова Шапка. Како што падна првиот снег патиштата ширум државата останаа целосно неисчистени а граѓаните се оставени сами на себе. Патот до Галичник беше непрооден повеќе од еден месец, граѓаните беа во целосна изолација.

Институциите кои ги раководи ДПМНЕ, Македонија пат и МВР целосно потфрлија, ништо не функционира, ниту снегот се чисти од патиштата, ниту полицијата превенира, ни пак го регулира сообраќајот на соодветен начин.

Владата на ДПМНЕ и Мицкоски покажува епска неспособност и ги доведува граѓаните во сериозен ризик“, се додава во соопштението на СДСМ.

06.01.2025 - 11:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега