СДСМ: Мицкоски ги потврди списоците за вработување на Меџити

 

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека секој можел да прави списоци за вработување е јасна потврда дека списоци за робусно вдомување на 3.000 партиски војници постојат, велат од СДСМ. 
 
„Се потврдуваат намерите со скандалозната најава на Меџити за историски најголема партизацијата на јавната администрација.
 
Очигледно има веќе подготвени списоци со имиња на „подобните“ партиски кадри, кои треба да се вдомат во јавниот сектор.  Прашањето е смее ли Мицкоски да побара одговорност од Меџити? Или дилот им е заеднички,  пред локалните избори да има робусно полнење на администрацијата со партиски послушници?
 
Овој огромен, робусен скандал со најголема партизација на институциите мора да биде целосно расчистен.
 
ДКСК мора веднаш да отвори предмет по оваа изјава на Меџити. Сите моментални вработувања во администрацијата да бидат стопирани и да се обезбеди целосна истрага за овој скандал“, стои во соопштението на СДСМ.
24.02.2025 - 10:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега