Мицкоски: Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина
Македонија е една од земјите што се коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, а истовремено Европската Унија, предводена од Германија и Франција, поднесува своја резолуција.
Премиерот Христијан Мицкоски кусо изјави: „Така одлучивме“, прашан зошто бил преземен таков чекор. Тој изрази очекување дека резолуцијата ќе биде поддржана од мнозинството во рамките на Обединетите нации.
Советот за безбедност на ОН ќе гласа за нацрт-резолуцијата за Украина предложена од САД. Покрај Македонија, коспонзори на резолуцијата се и Израел, Грузија и Унгарија. Во текстот се изразува тага за трагичната смрт на луѓето во руско-украинскиот конфликт и се апелира на ставање крај на војната. Американскиот државен секретар Марко Рубио ја нарече резолуцијата едноставна и историска и ги повика членките на ОН да ја поддржат со цел да се зацрта патот кон мирот.
Од друга страна, во резолуцијата на Франција и Германија се зборува за „целосна инвазија на Украина од страна на Руската Федерација“ и се бара итно и безусловно повлекување на сите сили на Москва.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа