Полицијата влезе во Виница - Едно лице веднаш приведено

 

Синоќа во Виница полицијата го лишила од слобода Д.Ѓ. (28) од село Јакимово, виничко. При претрес врз Д.Ѓ., кој бил со возило голф со винички регистерски ознаки на ул.„Браќа Миладинови“ во Виница, пронајдени се зелена растителна материја, метална дробилка, хартија за рачна изработка на цигари.

Како што информираат денеска од МВР, потоа, по наредба на Основен суд Виница извршен е претрес во домот и просториите што ги користи Д.Ѓ. во с.Јакимово. При претресот пронајдена е зелена растителна материја, дробилка, три стаклени тегли со остатоци од зелена растителна материја и воздушна пушка.

По документирање на случајот, најавуваат од Министерството за внатрешни работи, ќе биде поднесена соодветна пријава. 

25.03.2025 - 09:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега