Објавена листата на градежни фирми кои останаа без лиценци

 


Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски соопшти дека од досега исконтролираните над 3. 100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 е констатирано неправилно работење поради што ќе бидат одземени од правните лица.

На следниов линк е достапна Листа на правни лица за одземање на лиценци во делот на градежното работење и урбанистичко планирање.

Оваа листа, како што истакна Николоски, ќе биде доставена до соодветните институции за натамошно постапување.

25.03.2025 - 13:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега