Патник испратил порака до семејството пред авионската катастрофа во Јужна Кореја

 


Бројот на жртви во авионската несреќа во Јужна Кореја порасна на најмалку 151 лице. Авионот на „Џеџу Ер“ се излизга од пистата при слетување, удри во ѕид и се запали.

Се’ уште се шпекулира за причината за страшната авионска несреќа во Јужна Кореја. Според некои извори, причината може да биде дефект на опремата за слетување, а има и информации дека удрил во јато птици.

Имено, авионот Боинг 737-800 се обидел да слета на трупот, откако опремата за слетување не се отворила. Авионот се излизгал по пистата, а потоа удрил во ѕидот и експлодирал во пламен, пишува Гардијан. Од друга страна, локалниот телевизиски канал „МБЦ“ емитуваше снимка на која се чини дека се гледа инцидент со птица додека авионот се спушта.

„Пожарникарите се сомневаат дека причина за несреќата е удар на птица и лоши временски услови, но точната причина се уште е под истрага“, изјави Ли Џеонг-хјун, шеф на пожарникарската служба во Муан.

Делот од опашката на авионот изгледа недопрен, но обликот на остатокот од авионот е непрепознатлив, додаде Ли.

Авионот бил предупреден од контролната кула за можен удар на птици пред фаталната несреќа, соопшти Министерството за транспорт на Јужна Кореја. Според информациите, авионот бил пренасочен да слета на друга писта, а пилотот пријавил проблем. Од тој момент до уривањето на леталото поминале само шест минути.

Еден патник наводно испратил порака до своето семејство пред падот, во која им рекол дека птица удрила во крилото на авионот. Според „Њуз1“, неговата последна порака гласела: „Дали да ги кажам последните зборови?

Сведоците пријавиле дека слушнале силен удар непосредно пред авионот да удри во ѕидот.

Доколку се потврди бројот на загинатите, ова би била најтешката катастрофа во историјата на домашното цивилно воздухопловство во Јужна Кореја и прв поголем инцидент со жртви во нискобуџетна авиокомпанија.

29.12.2024 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега