ВМРО-ДПМНЕ: Го рехабилитиравме системот - Среќна Нова
„СДС и ДУИ оставија криминал и пустош, ВМРО-ДПМНЕ го рехабилитира системот и владеењето на правото.
Изминатиов период на виделина излегоа неколку криминални случаи, од кои јасно се гледа како СДС и ДУИ ја ограбувале државата.
Од милионскиот криминал на Артан Груби во Лотарија, преку милионските тендери на Васко Ковачевски во РЕК Битола, до криминалните договори на Јован Деспотовски во ТИРЗ, милиони се испумпани од државата.
СДС и ДУИ на државните претпријатија гледале како на колач за делење.
И додека СДС и ДУИ правеле финансиски криминал во институциите, оставиле на улиците да дивеат банди, кои сега веќе се зад решетки.
Презафатеноста со милионските тендери на СДС и ДУИ, наместо со спроведување на законот, допринело криминалци да се пукаат по улици, сето ова сега е минато.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ за краток период успеа да покрене постапки за одговорност на голем број криминали, а владеењето на правото функционира.
Продолжува борбата со криминалот и корупцијата. Одговорност за секој кој сторил криминал ќе има“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ испратено утрово до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа