Откако ќе добиете вода: Не ја пијте барем првиот час
Откако ќе биде саниран дефектот и откако ќе протечат скопските чешми, водата да не се пие барем еден час, препорачува директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.
Во вечерашно гостување на Сител ТВ, директорката вели дека водата мора да се провери од страна на службите, да се земат мостри и да се добијат резултати пред да се консумира бидејќи станува збор за повеќечасовен прекин на истата.
За потсетување, утре скопјани цел ден ќе останат без вода поради санација на главната цевководна мрежа во градот.
20.12.2024 - 19:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа