Левица: Со 58 пратеника ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ

 


Откако  ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на македонската химна во средните училишта - денес, во македонското Собрание пристигна допис со кој Владата, како предлагач, се повлекува од оваа намера, односно ги повлече измените на Законот за средното образование!, велат од Левица.

„Повлекувањето на Законот за интонирање на химната во училиштата е уште еден пораз за македонските национални интереси, директно резултат на поданичката политика на ДПМНЕ! Оваа партија, која се претставува како ‘патриотска’ опција, повторно клекна пред албанскиот политички блок, покажувајќи дека нејзините одлуки се диктирани од страв и уцени, а не од интересите на македонскиот народ!

Инаку, ДПМНЕ со законските решенија предлагаше опционално интонирање на македонската химна. Поради избегнување на сецесионистички политики и не интонирање на химната од етнички причини - пратеничката група на #Левица поднесе амандман за задолжително интонирање на химната на цела територија на Република Македонија безразлика на желбите и ставот на локалната власт.

Ова не е првпат ДПМНЕ да покаже слабост и да се предаде пред оние кои работат на разнебитување на државата. Понизноста и поданичката политика на ДПМНЕ не се новост – тоа е нивниот континуитет! И покрај тоа што располагаат со 58 пратеника, оваа Партија веќе неколку пати дозволи ВРЕДИ да биде доминантен фактор во владата.

Од повлекување на закони, преку премолчено прифаќање на уцени, до клекнување пред партнерите кои го разнебитуваат унитарниот карактер на државата – ова е партијата која наместо лидер, постојано бира да биде следбеник. Со вакви политики, ДПМНЕ се истакнува како најслабата карика во борбата за националното достоинство, овозможувајќи други сили да диктираат услови и политики во Македонија“, стои во соопштението на Левица.

20.12.2024 - 15:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега