Нов парк и катче за најмалите - Мицкоски денеска во Радишани

 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен темелник на мега-паркот со плоштад во населба Радишани, Општина Бутел.

Како што информира владината прес-служба, паркот ќе се протега на површина од 10.000 м2. Новиот парк ќе има зелена површина од 6.000 м2, плоштад од 4.000 м2 и мега детско игралиште.

Проектот е вреден 20 милиони денари, а средствата се обезбедени од Владата.

Настанот е организиран во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, а покрај премиерот Мицкоски, како што најавуваат од Министерството за локалната самоуправа,  ќе пприсуствуваат и министерот Златко Перински, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и заменикот министер за локална самоуправа, Ерџан Селими.

Владините претставници, заедно со градоначалникот Дарко Костовски, ќе го најават официјалното отпочнување на проектот „Основен проект за изградба на јавна површина со плоштад и пешачка патека во Радишани“, кој е еден од дванаесетте проекти кои Општината ќе ги реализира со средства од државниот буџет, одобрени на првиот јавен повик за финансиска поддршка за инфраструктурни општински проекти.

25.03.2025 - 08:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега