Мелита "распали": Го откопале гробот на Зоки, живееме во свет на монструми

 

Блискиот пријател на Зоки Фаци, Стефан Лазаров, објави шокантни информации дека некој го откопал гробот на починатиот Зоран Василевски - Фаци.

Јавноста е згрозена од тоа што се случило и тоа само шест месеци по смртта на Зоки Фаци, а една од јавните личности кои се огласија на социјалните мрежи е и Мелита Ракичевиќ.

- „Откопан гробот на мојот Зоки Фаци.  Нема веќе човечност, јас не можам да сфатам ваква злоба… Свет на монструми“, напиша Мелита.

Веста дека е откопан гробот вчера ја објави Лазаров: - Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота!

Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија…“, објави тој.

 

 

04.03.2025 - 11:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега