Тешка несреќа на автопатот Тетово – Гостивар, има повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 15:30 часот на автопатот Тетово – Гостивар пред клучката за селото Врапчиште.
Според АМСМ, во прекин е сообраќајот а возилата се пренасочуваат по спореден пат.
Се работи за судар на две патнички возила, а на терен е полицијата и Брзата помош.
Од СВР Тетово најавија повеќе информации за подоцна.
04.03.2025 - 17:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа