Трагедија: Извлечено женско тело од Вардар
Денеска е извлечено тело од реката Вардар во скопски Аеродром. Засега не е позната причината за трагедијата.
Од СВР Скопје со детали за несреќата:
Денеска околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е забележано женско тело во реката Вардар. Околу 13 часот во близина на мостот Близнак, телото е извадено од реката од страна на полициски службеници од ПС Аеродром.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
28.01.2025 - 14:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа