Познат идентитетот: 22-годишна студентка од Неготино е девојката која синоќа беше прегазена на „Партизанска“
22-годишната Фросина Кулакова од Неготино е девојката која доцна синоќа загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Фросина била студентка на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“.
Според информациите од МВР, во 23:43 часот, автомобил „пежо 207“ управуван од 20-годишниот В.Ј. од Скопје удрил во Фросина, која во тој момент била пешак. Девојката починала на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото на трагедијата извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено на обдукција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа