Апсење среде ноќ на Табановце
Триесет и петгодишен државјанин на Република Турција бил приведен ноќеска на Граничниот премин Табановце, поради непријавен престој во Македонија.
– Денеска во 00.30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го привеле Т.Ј.Б.(35) од Република Турција затоа што при извршена контрола било констатирано дека непријавено престојувал во државата, со што сторил прекршок по член 190 од Законот за странци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа