Албанија минатата година ја посетиле рекордни 11,7 милиони туристи
Албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро, објави дека Албанија во текот на 2024 година ја посетиле над 11,7 милиони странски туристи, со зголемување од 15,2 отсто во однос на 2023 година.
-Покрај зголемувањето на туристичките пристигнувања од земјите во регионот, 2024 година го потврди растот и стабилноста на пазарите од Западна Европа како Италија, Германија, Франција или Обединетото Кралство и ја прошири картата на далечните пазари од далечните азиски и американските пазари, придружени со извонредното влијание врз економијата, напиша Кумбаро на Фејсбук.
Според неа приходите од туризмот за девет месеци минатата година достигнале над 3,8 милијарди евра, што е последица на подобрените стандарди на сместувачките структури а кои се „најдобри показатели за визијата што станува реалност, престижната промоција и добрите искуства кои се создаваат од година во година“.
Бројките ги објави и премиерот Еди Рама и напиша дека 2024 е една рекордна година која докажала дека Албанија не е само куриозитет на моментот, туку конечно го отворила својот пат кон одржлив раст во бројки, создавајќи сериозна и разновидна понуда, како и обезбедување уникатни искуства“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа