Перински: Чест е да се биде дел од оваа Влада

 

Чест е да се биде дел од оваа Влада која исполни уште едно ветување во интерес на граѓаните!, напиша на социјалните мрежи Министерот за локална самоуправа Златко Перински кој присуствуваше на отворањето на експресниот пат, Градско - Дреново. 

Од денеска, делницата од Градско до Фариш, од експресниот пат Градско-Дреново, официјално е пуштена во употреба. Благодарение на подобрената патна мрежа, сега значително ќе се скрати времето на патување до Прилеп и Битола, а истовремено ќе се обезбеди и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

 

Овој проект е само уште еден доказ за посветеноста на Владата и премиерот Христијан Мицкоски во исполнување на дадените ветувања и за напорите да се создаде подобар живот за граѓаните, како и за нејзината доследност за „Промени што создаваат дела“. - порача Перински
14.01.2025 - 15:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега