Највисока излезност во Демир Капија - најниска во Шуто Оризари

 

Според 99,21 отсто од обработените податоци, излезноста на денешниот втор круг од локалните избори до 17 часот на ниво на Македонија е 43,83 отсто, соопшти попладнево портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.

Сите гласачки места биле отворени навреме.

Според ДИК, највисока излезност на гласачи има во Демир Капија 76,59 отсто, а најмала во Шуто Оризари 31,76 отсто.

Следната прес-конференција е закажана за 20 часот.

 

 

 

29.10.2017 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега