Касами: Убедени сме дека во Тетово ќе дојдат промените
Лидерот на движењето Беса, Биљал Касами, по гласањето на избирачко место во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово изјави дека во вториот круг гласачите имаат можност да изберат локална власт што ќе работи за нивниот интерес.
– Движењето Беса ќе се залага овие избори да бидат фер и демократски за сите граѓани да имаат можност да го искажат својот револт за она што е ветено, а не е реализирано. Ние сме убедени дека во Тетово ќе дојдат промените и оти доаѓа нова власт што ќе работи во служба на сите тетовци без разлика на припадноста. Се надеваме дека веќе од вечерва, односно од утре, во локалната власт ќе дојдат нови луѓе кои пред да мислат за себе, повеќе ќе мислат за граѓаните и кои ќе реализираат проекти што се во служба на сите граѓани, изјави лидерот на Беса Биљал Касами, кој е и кандидат за градоначалник на Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа