Во Струга до 17 часот гласале над 40 проценти од граѓаните
Изборниот процес во вториот круг од локалните избори во општина Струга се одвива непречено и во демократска атмосфера, на сите гласачки места.
Бледар Зиба, претседателот на ОИК, изјави дека до 17 часот на изборите излегле и гласале 24.555 лица или 40,58 отсто од граѓаните со право на глас.
Тој рече дека досека до ОИК од страна на изборните комисии и гласачките места не стасале забелешки по однос одвивањето на процесот на изборите ниту какви било други информации за нерегуларности.
Вкупно 60.530 регистрирани граѓани на Струга денеска го избираат новиот градоначалник меѓу кандидатите на ДУИ Рамиз Мерко и на Алијансата за Албанците Зијадин Села. И двајцата кандидати веќе имаат по еден градоначалнички мандат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа