Се гласа на 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје

 

 

Денешните локални избори во Македонија се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Град Скопје.

Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас на Локалните избори имаат 1.814.644 гласачи во Македонија.

Во изводите од Избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.882 за време на изборите ќе се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

Вториот круг за локалните избори е закажан две недели, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот, по што следи изборен молк за вториот круг почнува на 27 октомври на полноќ.

 

 

 

15.10.2017 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега