Мисајловски: Во Ѓорче нема да има неасфалтирана уличка, мора да се гради не само во урбаниот, туку и во руралниот дел
Најголем проблем во Ѓорче Петров е инфраструктурата. Мора да градиме нови улици, тротоари, водоводи, секако подземна инфраструктура. Сето тоа не само во урбаниот, туку и во руралниот дел. Потребно е ново осветлување, нови паркчиња, детски игралишта. Има доста работа и предизвици. Направено е доста, но јас сакам да направам најмодерна и најурбана општина. Знам како, умеам и набрзо тоа ќе се види. Ова го порача кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров, Владо Мисајловски.
-Има една нова ера. Јас очекувам со мојата енергија, со целиот мој тим и она што го умеам и можам, ќе видите колку нови проекти ќе има во Ѓорче Петров за брзо време. На Ѓорче Петров итно му се потребни нови улици, подземна инфраструктура канализации во Волково, нови тротари, бекатон на некои улички, треба да се осветли цело Ѓорче. Овие денови многу ми е драго што одам од врата на врата, ги посетувам граѓаните и ги слушам проблемите. Драго ми е што во програмата која ја работев со сите граѓани има многу работи во кои граѓаните се пронаоѓаат. Сакам и можам да направам преку 100 улици во Ѓорче Петров. Сакам да направам еден момент каде што во Ѓорче Петров ќе нема неасфалтирана улица, рече Мисајловски.
Во неговата програма има проект „Ѓорче Петров без отпад“. Здравата животна средина е еден од неговиоте приоритети.
-Многу е важна животната средина и екологијата. Јас вчера има можност со мојот тим, засадивме неколку дрвца. Најавив дека ќе има 10.000 нови садници во Ѓорче Петров. Ќе има и паркче во секое маало, игралишта за деца. Зеленилото е многу важно. Сите диви депонии ќе ги исчистиме, засадиме да бидат зелени површини. Во делот на Лепенец да направиме рекреативни содржини. На сите излетнички места да ставиме нови, урбани содржини за да бидат поинтересни, примамливи и народот да се собира таму, порача Мисајловски.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Ѓорче Петров вели дека ќе работи и за гасифицирање на општината, крупен проект кој со минатата Влада го започна на територија на цела Македонија.
Најавува крупни проекти за инфраструктурата.
-Има доста во инфраструктурата, сакам секој граѓанин да ја види мојата програма. Предвидуваме преку 100 улици да бидат асфалтирани, но заедно со градоначалникот на град Скопје се договоривме и тоа го ставивме во програма, сите градски улици да ги реконструираме. Тоа значи секаде каде што поминува градски автобус, но и на оние места под надлежност на Град Скопје. И дополнителна безбедност пред сите јавни објекти, градинки, училишта амбуланти, да ставиме нова сообраќајна сигнализација и веќе тоа со Коце Трајановски го зборевме и мора да се направи. Јас ќе направам се што е под наша надлежност затоа што сакам децата да имаат најголема безбедност во Ѓорче Петров. И не само децата, сите граѓани. Затоа предвидовме нови тротоари, нови пешачки патеки, нови велосипедски патеки онаму каде има простор, рече Мисајловски.
Тој како важен проект потенцира дека од Хром до Нерези ќе биде направена целосна велосипедска и пешачка патека.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа