Коцески: Во наредниот период продолжуваме со исто темпо, со реализација на предвидените проекти за Јагуновце

 

Општината е наш заеднички дом и сите имаме обврска да помагаме, секој со својата способност за нејзин прогрес. Меѓусебната соработка носи резултати за сите. Мојот личен успех е успех на секој граѓанин од мојата општина, вели Тони Коцески кандидат за градиначалник на Јагуновце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со програмата во 2013 година ветив 66 проекти, а заедно со граѓаните на општина Јегуновце, Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и меѓународни институции и донатори реализирав над 100 инфраструктурни проекти и педесетина други активности во интерес на граѓаните од нашата општина. Во наредниот период продолжуваме со исто темпо, со реализација на предвидените проекти во Изборната програма за периодот 2017 – 2021 година, истакна Коцески.

Тој додава дека ќе продолжат со инвестиции во нови инфраструктурни проекти, а како приоритетни ги планираме следниве проекти и активности за реализација: Изградба на мини индустриска зона. Стимулации за инвеститорите. Изградба на училишна спортска сала во ООУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце. Реконструкција на основните училишта. Изградба на спортски терени во населените места Старо село и  Орашје. Уредување на речното корито на реката Вардар. Изградба на канализациона мрежа во должина од 1 километар од населено место Шемшово до населено место Жилче. Изградба на канализациони мрежи во населените места: Подбреѓе, Јанчиште, Ратае и Горно Орашје. Изградба на водовод во населено место Прељубиште. Изградба на пристапен локален пат од регионалниот пат до училиштето во населено место Јажинце. Изградба на  локален пат во населено место Вратница. Изградба на нов бунар и пумпна станица за вода во населено место Раотинце. Општина Јегуновце продолжува да биде атрактивно  и пријатно место за живеење, каде граѓанинот е пред се, без разлика на верска, партиска или етничка припадност, со чесна, стручна и посветена работа.

 

 

 

06.10.2017 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега