Камерата ги улови: Погледнете како го уништуваат рекламниот материјал на СДСМ во Арачиново
Читател на Press24 утрово ни испрати видео на кое според него се гледа како се уништува рекламниот предизборен материјал на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Арачиново.
Според нашиот читател, рекламните плакати ги уништуваат активисти на коалициониот партнер на СДСМ, ДУИ, кој исто така е во трка за градоначалничката позиција во Арачиново.
Освен видео снимката не може да се обезбеди официјална потврда за настанот ниту пак за учесниците.
Оваа предизборна кампања ја одбележуваат серија инциденти од ваков тип, а демолирањето на партиските штабови е речи си секојдневие.
05.10.2017 - 11:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа