Коцевски: Гасификација и подобрување на бизнис климата во Велес

 

Покрај основните базични надлежности на локалната самоуправа, наш врвен приоритет во наредните четири години ќе биде подобрување на локалната бизнис клима со цел отворање што повеќе работни места и намалување на сиромаштијата, изјави денеска кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ Аце Коцевски.

Коцевски најави продолжение на изградбата на комуналната инфраструктура во постоечките индустриски зони, нови партнерства со бизнис заедницата, активности за предквалификација, доквалификација и обука на невработените, како и измени во професионалната ориентација на младите за што поголема продукција на стручни кадри од средните стручни училишта.

– Како голем проект ја најавуваме и гасификацијата на Велес, почнувајќи со индустриските објекти. Целта е да ги намалиме трошоците на претпријатијата, а заштедите кои ќе настанат заради поефтината цена на енергенсот гас во споредба со другите енергенси да се вложат во дополнителен развој со што ќе се генерираат нови работни места, укажа Коцевски.

 

 

 

04.10.2017 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега