Захариев: Нова индустриска зона на патот Штип-Радовиш
Кандидатот за градоначалник на Општина Штип, Илчо Захариев, на денешната прес-конференција вети отворање нова индустриска зона за фабрики што ќе овозможи нов импулс за развој во локалното стопанство. Тој рече дека урбанистите во општина Штип веќе работат на урбанистичкиот план за зоната „Плуждино“.
- Локалната самоуправа има голема одговорност за локалниот економски развој и отворање на нови фабрики. Еден од моите приоритети е вработувањето и утврдување на нови локации за нови фабрики. На локацијата „Плуждино“ ќе никне нова индустриска зона каде ќе имаме 18 плацеви за фабрики со површини од 5-6000 м/2. Имаме веќе заинтересирани инвеститори, а самата зона е покрај патот Штип-Радовиш и таа ќе даде развојни потенцијали, вели Захариев.
Според Захариев, планирано е и проширување на постоечките индустриски зони.
- Втората зона е Запад од фабриката на „Актива-аутомотив“, преку „Семак фешан“ се до Калимерово, каде на 350 хектари се предвидени над 350 локации за погони а меѓу другото и трговски центар и маркети. Ние ќе дадеме логистика и на траспортните фирми кои ќе бидат лоцирани тука. Истовремено планираме проширување на зоната во Три чешми која е до автопатот. Тука ќе има над 10 нови парцели, а ќе ја прошириме и градската зона над Астибо до Лукоил со нови 10 локации, рече Захариев. Тој истакна дека во Штип веќе функционира и државна ТИР зона во која работата две странски инвестиции со над 2000 работници а во фаза на отворање е и третата инвестиција на италијански „Кондево“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа