Груевски: Изминатите месеци видовме каква е вештачки создадената власт- едно ветуваа, друго се случува
Овде сме ние, а изминатите 4 ипол месеци видовме што направи новата владејачка гарнитура- залепена, составена, поразена па направена да биде власт. Ние направивме многу нешта, може да видите и од отчетите што ги поделивме- ова сме ние. Изминатите 4 илоп месеци ги видовме какви се овие од вештачки-создадената власт. Нарушени национални интереси, штетен договор со Бугарија, најава за смена на името и идентитетот на македонскиот народ, колапс на економијата.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на големиот митинг во општина Македонски Брод.
-Пензионерите ги оставија без зголемување, ги намалија платите, се добива пониска плата отколку пред 4 ипол месеци, просечната плата е намалена за 420 денари, а ветуваа дека ќе се зголемува и дека ќе биде 500 евра. Падна индустриското производство, падна БДП, паднаа девизните резерви за 170 милиони евра и тоа за 3 месеци, а даноците јавно објавија дека ќе ги зголемуваат, но нормално после изборите, не сакаат сега за луѓето да гласаат за нив, па потоа ќе им ги качат даноците.
Куп афери, додаде Груевски, со неисполнети ветувања- граѓаните не го добија ветениот поврат на ДДВ, нема поефтина струја, нема повисоки плати, ќе ги кратат и субвенциите за земјоделците, а ветуваа 10 % зголемување.
-Непотизам и тендери за лично богатење колку Ви душа сака. Едно зборуваа, друго прават, едно ветуваа, друго се случува. Ние тоа што го ветуваме, ние тоа и го исполнуваме. Нашиот збор вреди- ветивме повисоки пензии, зголемени плати, воведување и покачување на субвенциите, нови работни места и тоа го исполнивме.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа