Војнески: Нова обиколница, патишта, развој на туризмот и нови работни места во Македонски Брод
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Македонски Брод, Милосим Војнески, на денешниот митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ се обрати пред сограѓаните барајќи ја нивната доверба на претстојните локални избори.
-Со минатата влада реализиравме повеќе од 80 поекти, модернизиравме 9 патни правци во должина од 24150 метри. Асфалтиравме повеќе улици. Во Македонски Брод 99% од улична мрежа е уредена. 5156 метри се асфалтирани улици. Уредивме парцела за нов современ пазар кој наредната недела ќе го пуштиме во употреба, изградивме пешачка патека. Изграден е водоснабдителен систем, а започнато е комунално уредување. Во нова зона инвеститор од Полска веднаш по изборите ќе почне со изградба на фабрика и ќе се отворат нови работни места. Во изминатуиов период со владата на ВМРО бевме посветени и упорни со силни заложби за подобар живот и не застануваме тука. Ќе ја завршиме доизградбата на патот Македонски Брод до Скопје и за 40 дена ќе стигнуваме по нов пат, порача Војнески.
Најави реконструкција и градба на нови локални патишта на територија на цела општина.
-Во Македонски Брод ќе се реконструира улицата Партизанска и ќе се доизградат улиците кои се уште малку останати. Ќе се заврши со градба и на обиколницата од мостот кај местото викано Алкалоид до градските гробишта. Оваа обиколница е во тек на изградба и во рок од 30 дена ќе биде пуштена во употреба со што Македонски Брод ќе добие уште еден влез во градот, рече тој.
Вети дека во иднина ќе се градат водоснабдителни системи за неколку села во општината, за што веќе е подготвена проектна документација.
-Од сферата на урбанизмот и животната средина планираме изработка на урбанистички план за реализација на проектот „Купи куќа за млади“ во кој ќе бидат вклопени 100 локации. Изградба на пешачка патека на езерото Козјак, решавање на проблемот со јавните санитарни јазли, континуирано чистење на речните корита, уличните сливници и одводни канали. Туризмот е една од најперспективните области на нашата општина, ќе биде и понатаму во центарот на нашите интереси. Од оваа област издвојуваме изработка на локална стратегија за развој на туризмот, изработка на студија за можностите за развој на алтернативни видови на туризам, поставување на туристичка сигнализација на целата територија на општината, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа