Трајковски: Поголема безбедност и проточност на возилата со проширување на булеварот „Александар Македонски“

 

Актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски денес го промовираше проектот за уредување на булеварот „Александар Македонски“, кој е дел од изборната програма.

-Како и досега така и во иднина ќе помогнеме во реализација на проектите, пред се во решавање на имотно правните проблеми и техничките документации. Особено важен дел за општината и Градот Скопје е влезот на булеварот во населбата Автокоманда. Верувам дека со ова проширување ќе се зголеми проточноста, безбедноста, вели Трајковски.

 

Тој потенцираше дека еден од приоритетните проекти е токму овој со што ќе се овозможи поголема проточност на овој дел од општината.

 
 

 

 

02.10.2017 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега