Наташа Петровска: Подобри услови за сместување во битолските домови за стари лица

 

 

Кандидатот за градоначалник на Битола Наташа Петровска, заедно со кандидатите за советници од СДСМ и Коалицијата, денес ги посетија Старските домови „Сју Рајдер“ во Битола.

За време на посетата на нашите возрасни сограѓани бевме информирани за условите во кои работаат двата старски дома, како и за нивните потреби, истакна Петровска.

- Сите наши сограѓани заслужуваат достоинствен живот и во своите т.н. денови од староста. Како идна локална самоуправа ќе направиме повеќе, ќе ги зголемиме капацитетите за згрижување на стари лица, стимулирање на приватници кои што сакаат да инвестираат во зголемување на капацитетите за сместување, поттикнување на јавното-приватно партнерство, вработување нови стручни кадри потребни за овие институции, активирање на млади лица кои по пат на волонтеризам би помагале во овие институции, како и овозможување на волонтери од градот да помагаат при доставата на разни намирници или лекови во домовите на стари лица. Ние како нова локална самоуправа воедно ќе овозможиме во месните заедници да се отворат катчиња за нашите возрасни сограѓани, посочи Петровска, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата. 

 

 

 

02.10.2017 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега