Тарчуловски: Предвидуваме низа проекти за пензионерите
Во нашиот стремеж кој иднината никако не смееме да заборавиме на минатото. Не смееме да дозволиме да заборавиме на оние кои не донесоа на овој свет, на оние од кои научивме многу и се уште учиме, истакна по денешната посета на пензионерски дом, кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски.
-Не смееме да заборавиме на оние кои секогаш беа тука за нас. Сега сме ние да ред да им се одолжиме и нивната старост да ја направиме достоинствена и удобна. Затоа во нашата програма предвидуваме повеќе мерки за нив. Нашите родители, пензионерите. Активирање на пензионерски клубови, бесплатна телефонска линија за помош, волонтерска помош од младински клубови за тешко болни и неподвижни пензионери кои живеат сами во извршување на секојдневните обврски, бесплатни екскурзии, изградба на пензионерски катчиња во парковите во шаховски и пинг-понг маси, вели Тарчуловски.
Тој додаде дека 11 октомври ќе биде прогласен за Ден на пензионерите во Општина Кисела Вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа