Трајковски: Ќе се гради филтер станица во Делчево
Изградбата на филтер станица на браната Лошана и обезбедување на чиста вода за пиење и чиста животна средина се моја обврска, најави кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски.
На денешната прес-конференција тој истакна дека заедно со Советот на општината ќе ги реализираат барањата на граѓаните за чиста животна средина.
- Како идна локална власт ќе создадеме план и проекти со кои ќе биде зголемен капацитетот на дејностите на ЈКПД „Брегалница“ од Делчево, ќе ја подобриме и професионалната услуга преку намалени трошоци за граѓаните. ЈПКД ќе биде носител на најголемиот дел од активностите за чиста животна средина и тие ќе се извршуваат на професионален начин. Се обврзуваме дека навремено ќе се чистат сите загадени места, мали депонии, речни и проточни канали и третман на цврстиот комунален отпад, истакна Трајковски.
Според програмата на Трајковски, ЈП ќе биде обврзано во првите сто дена да набави нови канти за ѓубре и кант за селекција на отпадот кои ќе бидат распределени во градот и руралните средини
- Еден од моите капитални проекти е изградба на филтер станица за вода на браната Лошана. Апсурдно е во 2017 година се уште да зборуваме за нечиста вода за пиење. Но, лошите политики на ВМРО- ДПМНЕ не доведоа до ваква ситуација. Со реализацијата на овој проект, конечно, долгорочно ќе биде решен овој проблем, истакна Трајковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа