Шилегов: Ќе го ставиме езеро Треска во целосна функција и ќе го вратиме на граѓаните

 

Петре Шилегов, кандидатот за градоначалник на Град Скопје на СДСМ и коалицијата денеска од СРЦ Езерце Треска најави дека доколку ја освои довербата на граѓаните, новата администрација на градот и тој како градоначалник, ќе го стави во целосна функција, во полн капацитет овој капитален објект, кој посочи. 

- Запуштен, фрлен на забот на времето, заборавен, градот Скопје никогаш не најде ниту сила, ниту средства, ниту волја, ова богатство кое го имаме на неколку километри, од центарот на Скопје да биде ставено во полна функција. Со јавно приватно партнерство ќе изградиме пречистителна станица, која што ќе ја направи здрава водата, во езерото Треска, тука ќе го префрлиме ноќниот живот и целокупното езерце ќе биде ставено во функција, што само по себе ќе има извесна социјална мерка, бидејќи луѓето од Скопје кои немаат средства да одат на годишен одмор, оваа убавина, ќе биде од нивна помош за во топлите летни денови скопјани да можат да се забавуваат и разладат, рече Шилегов.

Посочи дека ова е неговиот приод, поинакво планирање, градба на инфраструктура и одржување на инфраструктура. - Веројатно на некој му беше полесно и поедноставно, да гради, отколку да одржува нешто што скопјани многу одамна го имаат платено, со своите средства. На ова место ќе го вратиме животот во Скопје, живот во Скопје за сите, порача Шилегов.

 

 

 

02.10.2017 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега