Коцевски: Ќе изградиме колекторски систем и фабрика за цврст отпад
Градот Велес никогаш не бил по не чист и по неуреден од колку што е тоа сега како што можете да видите во позадината, грдата слика ја има секаде низ градот, преполни контејнери. Ѓубре расфрлано од животните на сите страни, кучиња скитници во безброј на улиците во градот, затоа здравата животна средина и обезбедувањето на чиста и здрава вода за пиење е врвен наш приоритет, изјави денеска Аце Коцевски, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата во Велес.
-Во нашата изборна програма предвидовме бројни активности со цел да ги подобриме состојбите, пред се планираме изградба на системи за водоснабдување во сите населени места каде што тие досега не се изградени, пред се во селото Горно Оризари, во селото Бузалково,во селото Клуковец и во неколку други помали населени места.
Планираме да изградиме колекторски системи и пречистителна станица за прифаќање на фекалните отпадни води во индустријата и домаќинствата за преработени, да ги испуштаме во реката Вардар.Планираме изградба за регионална фабрика за третман на цврстиот комунален отпад од предпристапните фондови на Европската Унија со претоварна станица во Велес, заедно со општините во повардарскиот регион.
Планираме да ги замениме сите преостанати водоводи опасни по здравјето на лугето азбестцементни цевки од градтската водоводна мрежа и преостанатите азбестцементни кровови од јавните објекти во Велес, исто така со проектот за гасификација на градот Велес ќе придонесеме заштита на животната средина, заради намалување на издувните гасови.Планираме и бројни зафати за подобрување на состојбите со зеленилото и многу многу други активности - вели Коцевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа