Ахмети: Ќе ги поддржиме локалните бизниси за отворање нови работни места

 

 

Демократската унија за интеграција вечерва одржа митинг во Студеничани, каде што кандидатот за градоначалник Феми Јонузи ја претстави изборната програма, со проекти што ќе ги реализира ако победи на локалните избори на 15-ти октомври.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на митингот изјави дека неговата партија постојано ги охрабрувала локалните бизниси, и во иднина ќе ги поддржи постојните бизниси да станат уште посилни за отворање нови работни места.

Тој, исто така, истакна дека нивниот кандидат во Студеничани ќе има целосна поддршка од извршната власт и смета оти со изборот на нивниот кандидат, општина Студеничани ќе се движи напред.

 

 

 

29.09.2017 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега