Јакимовски: До кога ќе ги слушаме оние кои што не работат ништо, туку само лажат? (видео)
Секоја одлука што сум ја предложил од 2009 до денес Советот ја поддржал бидејќи се работи во интерес на граѓаните, зошто секогаш сум знаел да ги обединам советниците околу проектот кој се вика Карпош, околу проектот кој се вика за подобар Карпош, тоа и го сторив и во 2013 година кога направивме коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, од таа коалиција досега Карпош доби најголем плод и најголем исчекор во инфраструктура, фасади, кровови, поддршка на ученици, социјално загрозени лица и нема дел од општина Карпош кој што не сме го претресле, нема катче кое не сме го асфалтирале, нема една коцка која не е поставена од мене, вели на вечерашниот митинг во Карпош Стевче Јакимовски.
-Овој плоштад овде за да го изградиме вложивме 500 илјади евра, тој беше предмет во сите изборни кампањи на сите градоначалници и овој плоштад го реновиравме во зимски услови, во исто време сите оние што не критикуваат не можат да кажат дека овде во урбаната заедница Владо Тасевски дека се направени згради и дека им е загрозен животот, им ги слушам муабетите за зеленилото во Карпош, па еве јавно ги повикувам сите тие да го измериме зеленилото од Рузвелтова, Теодоси Гологанов до плоштад во општина Центар кој има повеќе зеленило? Тие во една или јас во пет месни заедници, ако имаат еден квадрат повеќе тие се откажувам од борбата за градоначалник. До кога ќе ги слушаме нивните лажги? Граѓаните на Карпош не носат темни очила за сонце и тие точно гледаат дека Карпош е цветен, зелен и тој е поубав од било кога. Кога дојдов на оваа позиција во Карпош немаше едно насадено цвеќе, а секоја пролет садиме по 120 илјади садници, а ситото го правиме на есен со 150 илјади цвеќиња, потенцираше Јакимовски.
Тој додава дека во Карпош се насадени 10480 дрва, а сме исекле само 136, а лажговците прават како обратно да било.
-Имавте еден градоначалник кој што не излегуваше од кафаната од ресторан Влае, а имавте втор градоначалник кој што не се симнуваше од авион, поблиску му беше Јоханесбург, Лос Анџелес и Бостон и Њујорк, наместо Злокуќани, Бардовци и Нерези. За тоа ли го барате Карпош? Еден од најголемите спонзори на СДСМ три пати му ги губеа документите за градежна дозвола, за да општина Карпош денес биде бренд и водечка општина во Република Македонија. Карпош е слободен за паркирање и понатаму ќе остане, сметот во Карпош ќе се реши со инвестирање на 150 илјади денари и ќе се направат подземни контејнери. Нека лажат и понатаму Карпош има светски стандард на зеленило по глава на жител, стандардот е 7,5 метри по глава на жител, а во Карпош има 11,7. Во 2021 година Карпош ќе има милион метри квадратни зеленило, односно 16 метри по глава на жител, потенцираше Јакимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа