Заев: Граѓаните ќе кажуваат што ќе се гради

 

Секој граѓанин, со каков предизвик и да се соочи, градоначалникот, општината, ако треба цела држава, ќе застане зад него да помогне. Граѓаните ќе кажуваат што ќе се гради, а што ќе кажат граѓаните тоа ќе биде закон и за градоначалникот и за советниците и за извршната власт, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Берово.

- Ќе изградиме отворени општини, граѓаните секогаш ќе знаат како се трошат нивните пари. Не може во селата асфалт да нема. Ќе има рамномерен регионален развој вo Македонија. Локален економски развој значи локални производствени капацитети. Целта мора да биде луѓето да имаат повеќе пари во местото каде живеат. Ако луѓето имаат пари, ќе останат да ни живеат во Македонија. Ајде да ги завршиме промените што ги почнавме заедно! За живот во Берово за сите, живот во Македонија за сите, заокружете број 19 на локалните избори на 15 октомври - повика меѓу другото претседателот Зоран Заев на митингот во Берово.

 

 

 

29.09.2017 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега