Пауновски:Стружани да се приклучат кон тимот кои ќе донесе резултати
Создаваме тим на советници кои ќе бидат максимално посветени на обврските, транспарентни и амбициозни, сигурни во себе и во своите квалитети, тим на лојални и верни луѓе. Советници кои нема да потклекнат на ниту една уцена кога се работи за Стружани, државните или националните интереси, вели носителот на советничката листа Дејан Пауновски.
-Целта една и единствена Струга повторно да биде препознатлив туристички тренд, град на поезијата, Струга да биде поквалитетно место за живеење, Струга да биде град на водени спортови и град на среќни луѓе. Струга од град на водени спортови денес е град кој нема ништо, локалната самоуправа нема ист третман за клубовите, го замре и развојот на туризмот и економијата, Струга е град на две води, а ние немаме вода за пиење, Струга наместо да е препознатлива по здравата животна средина, за жал Струга ја препознаваат како град на дивата депонија. Реакција од СДС за дивата депонија нема, како што нема на повидок ништо што е од нивните проекти за подобар живот, затоа потребна ни е локална самоуправа која подеднакво ќе води ред за сите граѓани и нас ни треба локална самоуправа која нема да го дели народот по вера, политика, културна или етничка припадност, истакна Пауновски.
Тој додаде ги повика Стружани да се приклучат кон тимот кои ќе донесе резултати и кои ќе ја врати Струга кон патот на прогресот и достоинството кон својот народ и кон сопствената држава.
-Во сите општини каде што ВМРО-ДПМНЕ има свои градоначалници има активно реализирање на се она што беше ветено, затоа што ВМРО-ДПМНЕ има сериозен пристап, работи напорно и континуирано и затоа пред вас се нуди тим кои е со сериозни луѓе. ВМРО-ДПМНЕ ви нуди кандидат за Струга кој што е произлезен од народот и за народот, потенцираше Пауновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа