Николоски: 479 градежни фирми остануваат без лиценци

 


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакана дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 лиценци констатирано е неправилно работење и поради тоа на сите овие правни лица ќе им бидат одземени лиценците.
 
“ Оваа листа ќе биде доставена до соодветните институции за понатамошно постапување. Исто така би сакал да најавам дека ќе пристапиме кон законски измени со кои овие контроли ќе бидат обврзни на секои шест месеци, а не како досега на доброволна основа и за следните контроли жалбата нема да го одлага извршувањето односно суспензијата ќе оди веднаш. Целта не е да казнуваме туку компаниите кои добвоволно се согласиле на условите што ги предвидува законот, доборволно да ги исполнуваат затоа што феноменот е дека во моментот на поднесување на барањето ги усполнуваат,  а потоа престануваат да исполуваaт тие услови. За да не настане забуна, контролите се прават на лиценците во делот на потребниот број на вработени, а во дел на квалитет на изведување и во дел на квалитет на навремено извршување постојат соодветни надзори кои ги контролираат градбите”- истакна вицепремиерот Николоски.
25.03.2025 - 12:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега