ЛЕВИЦА до Таравари: Колку пари добивте за пациентите на Клиника да плаќаат поскап паркинг?
Министерот за здравство, Арбен Таравари, де факто го приватизира јавниот паркинг, лобирајќи албанска компанија да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје преку јавно-приватно партнерство во траење од 20 години! Со ова, Таравари стана епитет на политичка корупција, кој одработува за контроверзна фирма од странство. Ова денеска го велат Левица преку соопштение.
- Со ваквиот енормно штетен договор со фирмата „Ѓока Констракшн“, целиот приход ќе оди за компанијата, додека за државата ќе остане само 1%. Левица открива дека оваа компанија е поврзана со крупни скандали во Албанија, каде се спомнува и политичка корупција. Градежната компанија „Ѓока Констракшн“ била инволвирана во скандал поврзан со изградба на тунели, кои се урнале поради работа со неквалитетни материјали. Дополнително, оваа албанска компанија се спомнува и дека била дел од лобирање кај политичари од Албанија! Скандалозно е што државата нема 10 милиони евра да инвестира во паркинг на Клинички центар, додека власта се задолжува со 500 милиони евра за предизборен поткуп на локалните избори. Левица го предвиде ова сценарио и претходно поднесе амандман кон Буџетот за 2025 година со кој ќе се финансираше изградба на јавен паркинг, но, амандманот беше одбиен од ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ – партии кои очигледно имаат за цел да го уништат јавното здравство и да ги наполнат џебовите на своите бизнис партнери, велат тие.
Левица јавно го прашува министерот Таравари: колку провизија добил од контроверзната албанска компанија за пациентите да плаќаат повисоки цени за паркинг?!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа