(ФОТО) „Нека јадат ружи“: Марш за женски права во Скопје

 


Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март. Оваа година, маршот се одржува под слоганот „Нека јадат ружи!“.

Организаторите повикуваат на женски марш и солидарен женски бојкот за да се одбележи денот на економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените. Тие истакнуваат дека 8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази, туку за феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија.

Маршот ќе заврши во паркот „Жена борец“ со завршни обраќања до јавноста и институциите. 

08.03.2025 - 14:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега