Драматично во Берлин: Гори станбена зграда, голем број повредени

 


Најмалку 16 лица се повредени, од кои едно потешко, во пожар во станбена зграда во Берлин што избувна утринава.

Четири лица се задржани во болница, јавија германските медиуми.

Пожарот избувнал во стан на приземје на петкатница во Кројцберг, Берлин.

Во гаснењето на пожарот учествувале 68 пожарникари, кој во меѓувреме е локализиран, соопштија од противпожарната служба.

Причината за пожарот сѐ уште не е позната.

08.03.2025 - 15:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега