Костовски: Јануарските сметки за струја се покачени за 20% а некаде дури и за 30%
Власта на Мицкоски и на ДПМНЕ ги укина субвенциите на цената на струјата за домаќинствата со што изврши уште еден удар врз џебот и стандардот на народот, рече на денешната прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски, организациски секретар.
Голем број граѓани се жалат за огромните сметки за стуја коишто им се пристигнати за месец јануари и кои се значително поголеми од минатите месеци.
Сумите некаде се толку високи што луѓето бараат начин како да ги подмират. Други, пак, бараат коригирање на сметките, рече Костовски.
„Граѓаните реагираат дека јануарските сметки за струја им се покачени за 20% а некаде дури и за 30%.
Граѓани од Прилеп, Велес, Куманово, ни доставија сметките до нас платиле неверојатни 8.000 денари за струја во месец јануари или 2.000 денари повеќе од минатиот месец.
Тоа се точно 30% повеќе пари, поголеми сметки. На енормно високите цени на струја се жалат и компаниите.
Ова е директна последица на одлуката на Владата на Мицкоски за укинатите субвенциите за струја“, посочи Костовски.
Костовски нагласи дека власта удира по стандардот на народот, скапотија е на сите страни.
„Во време на ковид и енергетска криза кога СДСМ беше власт, граѓаните, училишта, претпријатијата болниците, сите добија евтина струја и во ниту еден момент немаше рестрикци.
Дополнително ја вративме и евтината тарифа на струјата.
Сега ДПМНЕ укина буквално се и не само што покажа неспособност туку и тотална негрижа за граѓаните.
Неспособноста ја плаќа народот, од свој џеб.
Граѓаните не можат да врзат крај со крај, покачени сметки за храна, покачени сметки за струја, покачени сметки за парно.
Бараме власта веднаш да воведе субвенции за домаќинствата и да им се намалат сметките за струја на граѓаните.
СДСМ стои на располагање и има решенија за намалување на цените, едно од нив е интервенција во висината на ДДВ за парно и струја.
Прашање е само дали неспособната власт ќе ги прифати“, потенцираше Костовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа