Можно е и Унгарија да се повлече од СЗО
Канцеларијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека Унгарија би можела да се повлече од Светска здравствена организација (СЗО).
Министерот задолжен за кабинетот на унгарскиот премиер, Гергели Гуљаш изјави дека верува оти „доколку најмоќната земја во светот одлучи да ја напушти меѓународната организација, тогаш би било разумно унгарската Влада да размисли“ дали треба да го преземе истиот чекор.
– Можеби ќе дојдеме до заклучок дека не мора да го правиме ова, можеби ќе донесеме поинаква одлука, се разбира, но дефинитивно вреди да се размисли, истакна Гуљаш.
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди повлекување на САД од СЗО речиси веднаш по преземањето на функцијата на 20 јануари, а вчера и Аргентина најави повлекување од Светска здравствена организација.
Трамп и неговите сојузници ја обвинија СЗО дека се меша во суверенитетот на земјите, оти е под несоодветно влијание од Кина и поради нејзиниот „недоволно компетентен“ одговор на Ковид-19.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа