Јапонец без вина поминал 48 години во затвор, познато е колку ќе му исплатат
Јапонскиот суд одлучи да му исплати на 89-годишниот Ивао Хакамате отштета од околу 1,29 милиони евра за поминат речиси половина век во затвор, откако беше погрешно осуден во случајот за четирикратно убиство во 1966 година.
Јапонскиот суд одлучи да му исплати на 89-годишниот Ивао Хакамате отштета од околу 1,29 милиони евра за поминат речиси половина век во затвор, откако беше погрешно осуден во случајот за четирикратно убиство во 1966 година, објави денеска Кјодо, повикувајќи се на извор.
Изворот рече дека одлуката за обесштетување е донесена откако судот донесе ослободителна пресуда на повторното судење во септември, пренесе НХК.
Адвокатите рекоа дека тоа е веројатно најголемата кривична компензација во Јапонија. Барањето за отштета било поднесено до судот во јануари, откако ослободителната пресуда станала правосилна во октомври минатата година.
Семејството на погрешно осудениот човек со децении се бореле да докажат дека не е одговорен за убиствата што се случиле во префектурата Шизуока во централна Јапонија и да му се запре смртната казна. Менталната состојба на Хакамата се влошила за време на неговиот долг престој во затвор.
Јапонецот бил работник во фабрика и бил уапсен во 1966 година за наводно убиство на висок директор на компанијата, неговата сопруга и нивните две деца. Окружниот суд Шизуока го осудил на смрт во септември 1968 година. Поранешниот професионален боксер поминал во затвор околу 47 години и седум месеци.
Тој бил ослободен во март 2014 година, откако новите докази фрлија сомнеж врз неговата пресуда, што довело до почеток на повторно судење.
Ослободувајќи го од обвинението во септември минатата година, Окружниот суд во Шизуока одлучи дека истражителите фабрикувале докази, а обвинителите одлучиле да не се жалат.
Хакамата е, според Гинисовата книга на рекорди, осуденикот на смрт кој најмногу време поминал во затвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа