Жена прегазена во Битола, со тешки повреди пренесена во болница

 


Вчера во 12.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Маврово“ и ул.„Цар Самоил“ во Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(44) од Битола, удрило во пешакот С.С.(65) од Битола.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во болницата во Битола, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

26.03.2025 - 12:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега