Истури дожд во Македонија - На овие места беше "потоп"
Утрово е најстудено на Попова Шапка, 4 степени, а максимални 13 се измерени во Штип и Демир Капија. Шест степени е во Крушево, 7 во Маврови Анови, 8 во Охрид, Претор и Прилеп, 9 во Тетово и Берово, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Крива Паланка, Кавадарци и Струмица, 11 во Скопје-Петровец и Виница, како и 12 степени во Велес и Гевгелија.
Според УХМР, изминатите 24 часа најмногу врнежи имало во Маврови Анови, 31 литар на метар квадратен. Водниот талог е 25 литри на единица површина во Пожаране, 22 на Попова Шапка, 16 во Тетово, 13 во Охрид, 10 во Крушево и Претор, 6 во Скопје-Зајчев Рид и Прилеп, 3 во Скопје-Петровец, Тополчани, Пожар-Радовиш, 2 во Крива Паланка, Битола, Виница и Кавадарци, како 1 во Велес, Демир Капија, Струмица, Гевгелија и Берово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во крајните југозападни делови (над 20 l/m2). Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа