Грипот ги наполни Клиниките со деца - Школите низ Македонија полупразни

 

Грипот кој го достигна својот пик месецов, ги испразни училиштата низ Македонија, а ги наполни Клиниките. Во Клиниката Козле периодов бележат дури и по 220 прегледи за еден ден. 

- Со клиничката слика се гледа дека се работи за грип. Сите доаѓаат со високи температури, омалаксаност, претежно со горно респираторни симптоми, а некои и со компликации најчесто пневмонии. Тие деца се хоспитализираат. Моментално имаме хоспитализирано 9 деца кај кои и лабораториски е поотврден грип, секкао и доенчињата со РСВ вирус исто така ги хоспитализираме. Прегледите се многу зголемени во тек на 24 часа имаме по 220 прегледи што е навистина многу, изјави проф. д-р Катерина Бошковска, директор на Клиниката за респираторни заболувања кај децата “Козле”, пренесе Сител.

Новата директорка на Клиниката “Козле” советува родителите да не паничат веднаш при симптоми на грип, туку да се консултираат прво со матичниот педијатар.

- Доколку се работи за нормално здраво дете, без никакви коморбидитети, да се даваат лекови за темпењартура, да се лади детето. Да се консултираат прво со матичниот лекар, да не доаѓаат веднаш кај нас и да чекаат, зошто и тука се чека многу, навистина имаме голем број на болни деца, објаснува професорката Бошковска. 

 

 

 

13.02.2025 - 09:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега