Филипче е против менување на републичкиот обвинител Коцевски

 

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека не треба да се отстрани републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски од чело на Републичкото јавно обвинителство. Ова доаѓа по најавата на Владата за интерпелација. 

„Сметам дека тука станува збор за партизација. Не сакам да коментирам ничија експертиза и знаење, особено во судската власт. Апсолутно, се што отстапува од агендата за раст, не е реформа. Замена на едни луѓе со други – не е реформа, туку ризик за партијзација“, рече Филипче.

Промената на Коцевски од челната позиција доаѓа во период кога Обвинителството има ниска доверба. Во јавен настап, тој се пофали само дека од 2%, сега 5% од граѓаните им веруваат на обвинителите. Владата пак, обвини дека Обвинителството е партизирано.

13.02.2025 - 11:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега